18 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 19.02.2014

Дневен хороскоп 19.02.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ситуацијата во вашиот дом сеуште не е смирена, но сегашните проблеми можете да ги решите без никаков проблем, ќе добиете помош од некое лице од кое не го очекувате тоа. Препорачливо е повиците за забава да ги прифатите, имате потреба од нешто такво.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ви се случуваат многу работи одеднаш. Треба да се погрижите за голем број на детали, а желбата да вршите неколку работи истовремено може да ве направи склони кон грешки. Обидете се да не се вознемирувате за ситници. Испланирајте нешто убаво за подоцна и ќе ви биде полесно да го поминете здодевниот дел од денот.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Иако е добра особина да бидете оптимисти, денес не претерувајте со позитивното размислување. Не скокајте во секоја ситуација со помислата дека се ќе биде во ред, затоа што може да останете повредени. Размислете двапати дали сакате да се впуштите во некоја авантура или пак да прифатите нечија понуда.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Иако ќе се трудите да ја откриете причината, вашата субјективност само ќе ви ги измеша дополнително работите. Не дозволувајте ваквата состојба да предизвика емоционални кризи. Очекувајте страстна авантура или флерт со некоја стара љубов. Состојбата ќе станува значително подобра.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Сакате околината да мисли дека се држите под контрола, но свесни сте дека тоа е далеку од вистина. Таквиот став не ќе може да ви помогне во ниту една ситуација, бидејќи ќе се појават тешкотии за кои ќе треба да употребите здрав разум, а не дополнителни проблеми. Подобро е да ја изберете позитивната опција.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Плановите што е потребно да ги реализирате ќе мора да почекаат за некои подобри времиња, бидејќи ќе мора да се приспособите на новонастанатата ситуација. Можеби мислите дека некој намерно ви стои на патот, меѓутоа станува збор за мали проблеми со кои ќе се соочите и за кои постои соодветно решение.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Одеднаш се чувствувате премногу фрустрирано, па сметате дека е многу тешко да ги совладате емоциите. Лутината што се јавува во вас е само уште еден показател дека е крајно време да се соочите со вистината за тоа што чувствувате кон партнерот. Најдете го вистинскиот начин да дојдете до успешно решение.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Избегнувајте да се надевате премногу кога немате основа за тоа. Не ги обвинувајте другите за личниот неуспех, бидејќи на тој начин уште повеќе ќе ја изгубите самодовербата во сопствениот потенцијал. Мора да научите дека за секоја постапка, добро или лошо изведена, одговорноста оди исклучиво на ваша сметка.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Сакате кога се чувствувате цврсто на земја и кога знаете дека ситуацијата ја имате под контрола. Особено кога станува збор за љубовта и односот со партнерот. Но, моментно сте изненадени од несигурноста што произлегува од вас поради извонредната комуникација што не е својствена за вас.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Вашите емоции се движат во еден правец, а веќе во следниот миг се фокусирани кон нешто друго. Тоа и не би требало да ве чуди со оглед на вашата дволична природа на карактерот што ја поседувате. Иако таквите емотивни осцилации нема да ви донесат подобрување на љубовниот живот, сепак, уживате во забавата.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Нема да можете да се смирите ниту да се одлучите за еден план или само за една личност. Ќе сакате да ги испитате сите можности. Што се однесува до работата можеби некако ќе се одлучите за еден план, но кога станува збор за љубовта седите на две столици, па затоа бидете внимателни.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Денес однесувајте се кон другите онака како што сакате тие да се однесуваат кон вас. Имајте почит кон оние што ви значат, но и кон тие за кои се уште немате изградено некакво мислење. Не дозволувајте да се најдете во ситуација да се однесувате арогантно и препотентно кон некој што не го познавате, а всушност никогаш не го заслужил тоа. Убавото однесување денес ќе ви се исплати многу.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП