2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБекам го сака Роналдо во својот тим

Бекам го сака Роналдо во својот тим

bekam ronaldo nova

Дејвид Бекам ќе се направи обид да го привлече Кристијано Роналдо во својот тим во МЛС, кој ќе биде базиран во Мајами, пишува денеска британскиот весник „Сан“.

Поранешниот англиски репрезентативец се обидува да направи договор со кој ќе му овозможи на носителот на „Златната топка“ да премине од Реал Мадрид во САД по три години.

„Бекам разбира дека му треба многу познато име во составот, кога тимот ќе почне да се натпреварува. Роналдо е еден од најпознатите фудбалери во светот и ја сака Америка“, тврди извор на изданието.

„Не е тајна дека Португалецот сака да ја заврши кариерата во САД, а Мајами ќе е одлично место за тоа. Зборуваме за трансфер во 2017-та година, за кога се нагласуваат амбициите на тимот на Бекам“, дополнува внатрешниот човек на „Сан“.

Засега ова е само на ниво на желба на Дејвид Бекам, останува да видиме како ќе се одвиваат работите, затоа што Роналдо има договор со Реал до 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП