19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПелегрини го доведува незадоволниот Иско!?

Пелегрини го доведува незадоволниот Иско!?

isko600

Манчестер Сити на чело со Мануел Пелегрини планира доведување на еден врвен плејмејкер, а странските медиуми наведуваат дека тоа би бил фудбалерот на Реал, Иско.

Шпанците имаат големо влијание на играта на „граѓаните“, а тоа влијание би можело да биде и поголемо доколку налето се оствари трансферот на младиот фудбалер на Реал Мадрид.

Мануел Плегрини одлично го познава Иско кого го тренираше во Малага, а медиумите истакнуваат дека тој ќе стори се, за да го види во дресот на Манчестер Сити.

Иско има проблеми во Мадрид поради тоа што не добива толку шанса за настап кај тренерот Карло Анчелоти, а од последните пет натпревари, 4 ги започна од клупата.

Проблемот во овој трансфер би можело да биде сумата, имено, Реал за Иско плати 30 милиони евра, па така многу се мали шансите да го продадат за помалку од оваа сума.

Медиумите дури напоменуваат дека веќе е постигнат усмен договор меѓу Пелегрини и Иско, но и дека раководството на Сити ќе мора добро да „искешира“ ако сакаат да го доведат Иско во Манчестер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП