17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПрвиот германски тренер во Англија, Магат го превзема Фулам

Првиот германски тренер во Англија, Магат го превзема Фулам

felix magattt

Некогашниот тренер на Баерн Минхен ќе седне на клупата на премиерлигашот од Лондон наследувајќи го на таа позиција Рене Моленстин кому по само 75 дена му беше врачен отказ.

Стратегот кој со тимот на Волфсбург пред пет години ја освои титулата во Германија до крајот на оваа сезона ќе се обиде на Фулам да му обезбеди опстанок во Премиер лигата.

Магат, која има 60 години, со клубот од Лондон потпиша договор со траење од 18 месеци наследувајќи го Рене Моленстин, кој само 75 дена беше менаџер на Фулам, период во кој успеа да оствари три победи откако го замени Мартин Јол.

Некогашниот стратег на Баерн Минхен пред себе ја има задачата да му обезбеди опстанок на Фулам кој во моментов се наоѓа на последното место на табелата со 20 бодови по првите 26 кола. Пред нив е Кардиф со два бода повеќе и Сандерленд и ВБА со своите 24 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП