13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСите плати во Баерн Mинхен (список)

Сите плати во Баерн Mинхен (список)

mun hen

Трикратниот шампион Баерн Минхен е еден од клубовите во светот, кои даваат најголеми плати на своите фудбалери. Повеќе од буџетот одвојуваат само клубови како Манчестер Јунајтед и Челзи, а поназад од нив остануваат Реал Мадрид и Барселона.

Вкупно во година „баварците“ делат 203 милиони евра, од кои најмногу добива тренерот Пеп Гвардиола – 17 милиони, тврди „ Билд“.

mun hen1

На врвот во табелата според платите кај фудбалерите на баварскиот тим стојат Франк Рибери и Марио Гетце. И двајцата според по договорот земаат по 12 милиони по сезона. По десет милиони инкасираат Филип Лам и Бастијан Швајнштајгер. Првите пет места се комплетираат со поранешниот техничар на Барселона, Тиаго Алкантара со осум милиони, колку што зема и Томас Милер. Помалку земаат Мануел Ноер и Ариен Робен – по седум милиони.

mun hen2

Поранешниот фудбалер на Атлетик Билбао, Хавиер Мартинес добива шест милиони по сезона. Главниот реализатор на Баерн, Марио Манџукиќ изненадувачки заработува по пет милиони евра годишно. Во новата сезона место на табелата ќе има и за Роберт Левандовски, кој сигурно ќе се најде меѓу првите пет.

mun hen3

Еве ја комплетна листа со платите во Баерн Минхен: Франк Рибери – 12 милиони евра (договор до 2017 година ), Марио Гетце – 12 милиони ( 2017 ), Филип Лам – 10 милиони ( 2016 ), Бастијан Швајнштајгер – 10 милиони ( 2016 ), Томас Милер – 8 милиони ( 2017 ), Тиаго Алкантара – 8 милиони ( 2017 ), Мануел Нојер – 7 милиони ( 2016 ), Ариен Робен – 7 милиони ( 2015 ,) Давид Алаба – 7 милиони ( 2018 ), Хави Мартинес – 6 милиони ( 2017 ), Жером Боатенг – 6 милиони ( 2018 ), Даниел ван Бујтен – 5 милиони ( 2014 ), Марио Манџукиќ – 5 милиони ( 2016 ), Рафиња – 5 милиони ( 2017 ) Тони Крос – 4,5 милиони ( 2015 ), Клаудио Пизаро – 4,5 милиони ( 2014 ), Холгер Бадштубер – 3,5 милиони ( 2017 ), Данте – 3,5 милиони ( 2016 ) Џердан Шаќири – 2,5 милиони ( 2016 ), Диего Контенто – 2 милиони ( 2016 ), Том Шарке – 1,5 милиони ( 2015 ), Пјер- Емил Хојберг – 1 милион ( 2016 ), Мичел Вајзер – 0,5 милиони ( 2015 ), Џулијан Грин – 0,5 милиони ( 2017 ), Лукас Радер – 0,5 милиони ( 2014 ), Алесандро Шопф – 0,2 милиони ( 2016 ) и Патрик Вајраух – 0,2 милиони ( 2014 ).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП