3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW Series 2 ActiveTourer (фото+видео)

BMW Series 2 ActiveTourer (фото+видео)

trurer bmw

За оние кои во моделите на „BMW“ не гледаат исклучиво како на автомобили со спортско педригре и возила кои носат социјален престиж, баварската компанија го конструираше „ActiveTourer“ – првиот сериски „BMW“ со преден погон.

Германскиот производител својот нов модел го смести во „Seriеѕ 2“, иако првично оваа серија беше резервирана исклучиво за купе и кабриолет верзиите. „ActiveTourer“ не е ниту едното, ниту другото, туку станува збор за миниван или „MPV“ автомобил на „BMW“.

trurer bmw1

Возилото е засновано на концептот „ActiveTourer“ од 2012-та. Во однос на тој автомобил, на продукциската верзија променети се само некои детали, пред се со цел да се добие поевтин производ.

Иако не е еден од класичните „BMW“ модели, доколку го гледате предниот или задниот дел на автомобилот, нема да имате дилема за која марка станува збор. Тука се препознатливите фарови, маска на ладилникот, браници, стоп-светла, сите оние карактеристични стилски детали кои ги гледаме и на другите актуелни модели на „BMW“.

trurer bmw2

На фотографиите можеби и не изгледа така, но „ActiveTourer“ има многу компактни димензии, долг е 4.342 mm, широк 1.800 mm и висок 1.555 mm, додека меѓуосовинското растојание изнесува солидни 2.670 mm.

„BMW“ се потруди на купувачите да им понуди разновидна опрема. Тие можат да изберат помеѓу пакетите „Sport Line“, „Luxury Line“ и „M Sport“.

trurer bmw3

„Sport Line“ го карактеризираат црните детали со висок сјај, посебните отвори за воздух на предниот браник и екслузивните 16 или 17 инчни алуминиумски бандажи. Пакетот содржи и спортски седишта.

„Luxury Line“ носи елегантен стил со хромирана маска и исто така 16 и 17 инчни алуминиумски фелни кои се специјално дизајнирани за овој пакет. Воланот е обложен со кожа, а во внатрешноста има доста хромирани детали.

trurer bmw4

„M Sport“ верзијата вклучува аеродинамички додатоци на каросеријата, високосјајна црна предна маска, спортска суспензија и тркала од 17 или 18 инчи. Тука е и „М“ спортскиот дизајниран кожен волан и специјалните спортски седишта.

Ентериерот на моделот „Active Tourer“ e типичен на „BMW“ со централна конзола ориентирана кон возачот. Со оглед дека е мултифункционално возило, сувозачкото седиште може во целост да се преклопи, а задната клупа е делива во однос 40:20:40.

trurer bmw6

Со нејзината делимична или целосна деливост може да се добија различни конфигурации во кабината и на тој начи да се ослободи помал или поголем корисен простор за превоз на работи. Со сите седишта исправена положба зафатнината на багажникот е 468 l, додека со нивно преклопување се добива максимални 1.510 литри.

Купувачите на почетокот на продажбата ќе им бидат достапни три различни погонски единици. Основната верзија, моделот „218i“ ќе ја придвижува трицилиндарски 1.5-литарски турбо бензинец со 136 ks (100 kW) и 220 Nm максимален вртежен момент.

trurer bmw5

Автомобилот со помош на овој мотор до „стотка“ ќе стигнува за 9.3 секунди, а максималната брзина е 200 km/h. Употребената вредност на помал и послаб агрегат е резултат на неговата ниска потрошувачка (4,9 l/100 km, според фабричките податоци) и намалената „CO2“ емисија (115 g/km).

Помоќниот бензински мотор е резервиран за верзијата „225i“, a во прашање е 2.0-литарски четирицилиндричен турбо единица со 231 ks (170 kW) и 350 Nm. Зa забрзувањето од 0 дo 100 km/h потребно му е 6.8 секунди, a максималната брзина изнесува 235 km/h.

Единствениот дизел агрегат во почетокот ќе биде „218d“, a под хаубата на овој „BMW“ се наоѓа 2.0-литарски турбо мотор со 150 ks (110 kW) и 330 Nm. Во оваа верзија, „ActiveTourer“ од место до брзината од 100 km/h стигнува во рок од 8,9 секунди, пред да ги достигне максималните 205 km/h.

Подоцна во понудата ќе се најдат и „ActiveTourer“ „216d“, „220d“ и „220i“, како и „xDrive“ варијантата на моделите „220d“ и „225i“.

„BMW Serieѕ 2 ActiveTourer“ ќе има премиера на женевскиот авто-саем, а датумот за почетокот на продажбата и цената ќе бидат дополнително соопштени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП