Пушачите кои се „дават“ во својата кашлица можат да си помогнат и да ги исчистат своите бели дробови со некои од овие намирници, чај од ѓумбир, борови иглички или коприва, пченка, портокал, кромид и лук.
Дали сте роб на цигарите и никако не можете да ги оставите и покрај тоа што неподносливо кашлате? Во тој случај почесто конзумирајте намирници и напитоци кои можат да ги прочистат вашите бели дробови и да ви овозможат полесно да дишете.
Можат да ви помогнат чаевите, пред се од свеж ѓумбир, но и од борови иглички или коприва, која исто така можете да ја јадете и како салата. Јадете риба и јагнешко месо, бидејќи содржат моќен антиоксидант селен. Конзумирајте јајца и житарици.
Пченката е полна со бета-криптоксантин, кој докажано ги штити белите дробови од карцином, бидејќи дејствува како моќен антиоксидант. Ако сте во можност набавете ја онаа пченка која е органски одгледувана. Слично дејство имаат и портокалите.
Кромидот и лукот поради својот состав имаат антиканцерогено дејство. Истражувањата покажале дека кај лицата заболени од карцином, кои редовно ги конзумираат кромидот и лукот, е спречена појавата на нови туморски клетки. Нормално, непријатниот здив е неизбежен, но сетете се и на мирисот од цигарите во вашата уста и на вашата облека, и прифатете го мирисот на овие намирници исто како што сте го прифатиле чадот од цигарите.