12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕтихад ќе порасне за 30 проценти

Етихад ќе порасне за 30 проценти

etihad stadion

Раководството на Манчестер сити доби одобрение за плановите да го зголеми капацитетот на својот стадион „Етихад“.

Во моментов објектот располага со 48 илјади седишта, а по обновувањето тие треба да бидат 62 илјади, што е зголемување за 29,1%.

„Граѓаните“ ќе додадат 6250 седишта на северната и јужната трибина, а уште 2.000 ќе бидат поставени на местата крај теренот. Со зголемувањето на капацитетот, „Етихад“ ќе стане вториот најголем стадион во Премиер лигата, зад „Олд Трафорд“ на градскиот ривал Манчестер Јунајтед.

Во четвртокот општинските советници во Манчестер ги одобриле плановите на Сити, кои треба да бидат реализирани за почетокот на сезоната 2015/16 . „Граѓаните“ се префрлија на „Етихад“ во 2003-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП