14 декември, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрмстронг сака да му помогне на велосипедизмот

Армстронг сака да му помогне на велосипедизмот

lence

Американската анти-допинг агенција („USADA“), соопшти дека Ленс Армстронг сака „да помогне да се исчисти велосипедизмот“.

„USADA“ на суспендираниот Армстронг му даде рок до 6 фебруари под заклетва да ги изнесе сите детали во врска со допингот, со што му е дозволено уште некое време да размислува за своето сведочење.

„Имаме разбирање дека тој сака да биде дел од решението и дека сака да учествува во напорите да се исчисти велосипедизмот. Му излеговме во пресрет и му дадовме уште две недели да ги разработи деталите околу своето сведочење“, изјави извршниот директор на „USADA“, Тревис Тагарт.

Минатиот месец, Армстронг во емисијата на Опра Винфри, призна дека за време на својата кариера користел недозволени супстанции кои му помогнале да освои седум титули на „Tour de France“.

Агенцијата „USADA“ минатиот јуни го обвини Армстронг за користење на недозволени супстанции, а тој следниот месец ја тужеше организацијата обвинувајќи ја за корупција, бидејќи „ги убедила другите велосипедисти да сведочат против него“.

Тој минатиот август изјави дека нема да се брани против обвиненијата за допинг, па „USADA“ го суспендираше доживотно.

Меѓународната велосипедска унија ги прифати доказите и му ги одзема на Армстронг сите седум титули добиени на „Tour de France“.

Доколку соработува со Американската анти-допинг агенција, Армстронг ќе добие можност „WADA“ да му ја повлече доживотната суспензија.

Армстронг доживотната суспензија од спортот ја нарече „смртна казна“.

Тој истакна дека нема да му се врати на велосипедизмот, туку дека сака да учествува во маратон и триатлон.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП