2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајпродаван електричен автомобил во Европа е...

Најпродаван електричен автомобил во Европа е…

leaf evropa

Глобално најпродаваниот модел со електричен погон, „Nissan Leaf“, е најбараното електрично возило и на европскиот пазар. За купувањето на овој автомобил во 2013-та година се одлучиле 11.120 жители на „Стариот континент“, што е скоро двојно повеќе во однос на една година претходно.

Благодарејќи на моделот „Leaf“, „Nissan“ во Европа има 33 проценти удел од пазарот во продажбата на електрични автомобили, а во некои земји овој процент е значително поголем.

Во Норвешка, „Leaf“ бил дури и третиот најпродаван патнички автомобил во 2013-та година. Одличните продажни резултати на норвешкиот пазар се продолжени и во 2014-та. Само во јануари се испорачани 650 автомобили, па така „Leaf“ моментално ја држи водечката позиција на најпродавано возило во Норвешка во тековната година.

Од „Nissan“ соопштија дека во 2013-та година, „Leaf“ бил најпродаван електричен автомобил во Шпанија, Италија, Данска, Белгија и Велика Британија.

Во Британија, каде инаку се произведува овој модел за европскиот пазар, продажбата во јануари 2014-та година пораснала за дури 1000 проценти во споредба со истиот месец од минатата година. Во Франција јануарскиот скок изнесува 240 %, па на тој начин „Leaf“ за прв пат стана најпродаваниот електричен автомобил во таа земја.

Овие резултати дополнително го охрабрија јапонскиот производител, со оглед на тоа дека „Nissan“ во јануари на европскиот пазар го претстави и својот втор модел со електричен погон, комерцијалното возило „e-NV200“.

Откако се појави во продажба во 2010-та година, „Leaf“ ширум светот е продаден во преку 100.000 примероци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП