2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗамената за Левандовски чини 11 милиони евра

Замената за Левандовски чини 11 милиони евра

ramosss

Борусија Дортмунд ќе плати 11 милиони евра за напаѓачот Адријан Рамос од Херта Берлин, пренесува „Bild“.

За претстојното летно засилување на „милионерите“ се знае уште пред неколку недели, но денеска беа отркирени детали во врска со ова. Колумбиецот ќе потпише за четиригодишен договор и во составот ќе го замени Роберт Левандовски кој заминува во редовите на Баерн Минхен.

28-годишниот Рамос е водечки стрелец на Бундеслигата во оваа сезона со 14 гола по 20 кола. Од клубот засега во оваа фаза одбиваат да го потврдат трансферот.

„Секој ден читаме нови шпекулации, а нема и конкретни предлози за Рамос“, изјави менаџерот на Берлин, Михаел Преец.

Напаѓачот веќе го отфрли предлогот на управата на Херта за продолжување на договорот, кој истекува за 18 месеци.

„Сакаме да го задржиме. Тоа му го покажуваме со понудата која му ја направивме“, додаде Преец.

Интерес кон Рамос имаа уште и од Атлетико Мадрид и Монако.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП