5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТохир се подготвува да пазари повторно на „Олд Трафорд“

Тохир се подготвува да пазари повторно на „Олд Трафорд“

evra600

Италијанските медиуми пишуваат дека Интер сака во летниот преоден рок во своите редови да го доведе и Патрис Евра.

Капитенот на актуелниот шампион на Англија, Немања Видиќ, од следната сезона дефинитивно ќе биде играч на „нероазурите“, а славниот милански клуб сега сака да ја засили својата одбрана и со неговиот долгогодишен колега Патрис Евра.

Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио вчера го следеше дуелот на „Емирати“ меѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед, а во Лондон тој се сретнал и со агентот на францускиот репрезентативец.

Договорот на левиот бек на „ѓаволите“ истекува на крајот на сезоната, а менаџерот Дејвид Мојс нема да му понуди продолжување на соработката, па така и неговото име се наоѓа на листата на играчи на кои нема да смета во следната сезона.

Медиумите за иднината на Евра, најчесто шпекулираат за враќање во Франција и тоа во неговиот поранешен клуб Монако, но и во редовите на конкурентот ПСЖ. Сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Интер.

32-годишниот Французин забележа 265 настапи за Манчестер Јунајтед во Премиер лигата, откако во 2006-та година пристигна на „Олд Трафорд“ од редовите на Монако.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП