18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГалатасарај и Монако го посакуваат Сања

Галатасарај и Монако го посакуваат Сања

sanja bakari

Дефанзивецот на Арсенал и репрезентативец на Франција, Бакари Сања најверојатно може да замине во насока на Турција или Монако.

Според „The Daily Mail“, францускиот репрезентативец ќе биде слободен агент на крајот на сезоната и веќе ги отфрлил двете понуди да остане во клубот.

Првата понуда беше за една година и истата плата од 160 илјади фунти неделно, а другата со истата сума, но за две години.

Сања сака минимум тригодишен договор, за да може да го разгледа своето останување во редовите на „топџиите“. Според последните информации Монако и Галатасарај се сериозно заинтересирани за Сања, па најверојатно и самиот играч ќе ги разгледа понудите од двата клуба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП