28 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 13.02.2014

Дневен хороскоп 13.02.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ако се чувствувате сентиментално и ви недостасуваат старите времиња, потрудете се да ги вратите назад. Ви треба само малку волја и желба, а денешниот ден е идеален за оживување на спомените и организација на дружбите какви што беа некогаш.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денес би можеле да ве вознемират некои спомени од минатото, или средба со личност која не сте ја виделе многу долго. Бидејќи во вас ќе се појават силни чувства, бидете внимателни да не ве обземат и да го заборавите моменталното окружување.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денот е создаден за љубов, па доколку саканото лице се уште не ја изјавило љубовта, сега е вистински момент. Ќе ве понесе бран на чувства и нежност. Мислевте дека самотијата ви беше потребна, но сфативте дека беше сосема доволна. Не дозволувајте да ве обземат лоши мисли, туку тргнете во освојување.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Станавте свесни за проблемите и контактите со околината. Подгответе се за разочарување од некого на кого сте му верувале. Убавите моменти брзо поминаа, па морате да се соочите со сопствените слабости. Не ви е лесно, но затоа ги имате пријателите кои ќе ве поддржат и расположат.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Без разлика на тоа што некои работи се случуваат многу побавно отколку што планиравте, задоволни сте. Си ја работите својата работа. Треба да оставите зад себе се што ве измачувало и да направите место во вашиот живот за нови и поубави работи. Ќе имате криза кога станува збор за креативноста.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ништо не е случајно, па ни тоа што баш вас ви се случуваат работи кои што не би ги посакале никому. Сепак најлошото помина, па сега полека фаќајте ги конците во свои раце. Затоа не брзајте, одете чекор по чекор. Обновете ги контактите со старите соработници, тие многу ќе ви помогнат.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Чувството на осаменост и фрустрираност ќе биде силно. Најдобро ќе биде да побарате весели луѓе или да ги занемарите грижите занимавајќи се со она што знаете дека го сакате. Ќе дојдат подобри денови. На работното место се ви оди одлично, имате мали несогласувања во комуникацијата, но ништо страшно, ќе поминат.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе делувате на разни фронтови, но тоа нема да биде толку силно за потполно да ве преокупира. Ќе функционирате добро со внимателно организирани одмори. Тие се потребни бидејќи сега имате помалку сила од вообичаено. Вашиот љубовен живот ќе биде потивок, подискретен.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Можете многу да профитирате доколку ги промените ставовите. Не разочарувајте се бидејќи самотијата ви одговара. Ваш е проблемот какви сте, а на другите останува дали ќе ве прифатат. Бидете внимателни со исхраната.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Во овој период можно е работите да не ви се случуваат според планираното, односно може да се одложат некои патувања, друштвени средби и сл. Не се обидувајте премногу да одушевите некого со вашите знаења, поради тоа што може да оставите погрешен впечаток. Внимавајте на здравјето.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Изразувајте се повнимателно бидејќи колегите може погрешно да ги разберат вашите зборови или да ги извадат од контекст. Размислете два пати пред да кажете нешто кога сте на официјален бизнис состанок. Пријателите и вашиот партнер ќе сакаат да поминат поголемо време со вас.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Пријателите нема да успеваат потполно да ве разбираат и тоа ќе ве нервира. Можни се расправии со најблиските пријатели. Во наредниот период ќе остварувате контакти со стари пријатели кои одненадеж ќе се вратат во вашиот живот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП