3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche вложи 500 милиони во фабриката во Лајпциг

Porsche вложи 500 милиони во фабриката во Лајпциг

Workers inspect finished Porsche Macan at the new plant in the eastern German city of Leipzig

Германскиот производител на автомобили „Porsche“ во Лајпциг вложи 500 милиони евра во новата фабрика во која ќе се произведува нивниот нов „SUV“ – „Macan“. Новиот погон значи и нови 1.500 работни места, заедно со илјадниците луѓе кои работат за „Porsche“ во Лајпциг.

Оваа фабрика е најголемиот инвестициски проект за „Porsche“, a со неа планираат да го зголемат производството на „Macan“ на повеќе од 50.000 примероци.

Претходно во фабриката во Лајпциг се произведуваа годишно 107.000 примероци на „Panamera“ и „Cayenne“. Како што пренесуваат медиумите во Германија, „Porsche“ во првите девет месеци од минатата година продал 115.000 возила во целиот свет.

Компанијата има во план да го зголеми производството на повеќе од 200.000 возила, што би било три години порано од првичните планови.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП