17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКасерес го менува Видиќ?

Касерес го менува Видиќ?

kaseres80

По Маркизио, Погба и Видал, уругвајскиот фудбалер Мартин Касерез е последниот во низата кој го поврзуваат со Манчестер Јунајтед.

Неодамна Дејвид Мојс заедно со клупскиот скаут престојуваше во Торино, каде лично можеше да се увери во квалитетите на фудбалерите на Шампионот на Италија, а тетратката со сигурност била полна со конкретни податоци.

Англиските медиуми денеска тврдат дека покрај споменатите тројца, во бележникот на Мојс влегол и Касерес како потенцијално засилување и замена за Немања Видиќ.

Познато е дека српскиот фудбалер на крајот од сезоната си заминува од клубот, а најверојатно ќе ги засили редовите на Интер, па така ќе остави дупка во одбраната на Манчестер Јунајтед.

Касерес со своите 26 години е идеално решение, а се верува дека поради тоа што оваа сезона засега одигра само шест натпревари, најверојатно неговата цена ќе изнесува само 8 милиони фунти.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП