22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОAllianz купува 8.3% од Баерн Минхен за 110 милиони евра

Allianz купува 8.3% од Баерн Минхен за 110 милиони евра

allianz arena baern

Најголемиот европски осигурител „Allianz SE“ ќе се здобие со 8.33 % од Баерн Минхен, со цел да ги продлабочи односите со најуспешниот германски фудбалски клуб.

„Allianz“ ќе купи акции за 110 милиони евра (150 милиони долари) преку зголемување на капиталот, се вели во соопштението на осигурителната компанија со седиште во Минхен. Уделите на другите акционери во клубот „Adidas AG“ и делот на „Volkswagen AG Audi“ ќе бидат намалени до 8.33 % , се вели во одделна изјава на фудбалскиот клуб.

„Allianz“ се здружил со Баерн од 2000-та година. Компанијата стана спонзор на стадионот на клубот во Минхен со капацитет од 70.000 луѓе, кога тој се отвори во 2005-та година и оттогаш го носи името „Allianz Arena“. Осигурителната компанија исто така ги поседува правата на имињата на стадионите во Лондон, Ница, Сиднеј и Сао Паоло.

Баерн планира да ги користи средства за да ги отплати преостанатите обврски, поврзани со изградбата на стадионот, и да изгради нов фудбалски центар за деца и младинци во Минхен. Акционерите можат да поседуваат околу 30% од компанијата, а Баерн нема намера засега да го зголемува овој процент, изјави главниот финансиски директор на клубот Јан- Кристијан Дреесен.

Баерн Минхен, кој минатата сезона ја освои Лигата на Шампионите, како и 23-тата шампионска титула на Германија, заостанува во општите приходи само зад Реал Мадрид, Барселона и Манчестер Јунајтед, клубови кои добиваат повеќе пари од продажбата на телевизиските права. Пред одлуката за зголемување на капиталот „Adidas“ и „Audi“ поседувале по 9.1 % од клубот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП