18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса го мерка Манџукиќ

Барса го мерка Манџукиќ

madzukic13

Како што јавуваат шпанските медиуми, екипата на Барселона го подготвува списокот за летниот преоден рок во кој во фокусот ќе бидат дефанзивната и напаѓачката линија.

Кога е во прашање нападот, Тата Мартино сака да го промени стилот на игра, својата екипа да ја реорганизира околу класична деветка во нападот, каков што беше и Златан Ибрахимовиќ, кога Барса последен пат играше со истурен шпиц во нападот.

Според информациите, Тата Мартино како своја прва „мета“ го идентификувал Марио Манџукиќ, напаѓачот на Баерн Минхен.

Хрватскиот фудбалер на лето ќе добие жестока конкуренција во видот на Роберт Левандовски, а во истовреме од Баерн не пристигнуваат оптимистички импулси кога поддршката за Манџукиќ е во прашање.

И самиот тој размислува за промена на средината, но дали неговата наредна дестинација ќе биде Барселона, останува да се види.

Инаку, Манџукиќ минатата година постигна 22 гола, вклучувајќи го и погодокот во финалето од Лигата на шампионите. Оваа сезона на своето конто има 15 голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП