9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтарата дама започнува преговори за Крос

Старата дама започнува преговори за Крос

toni krosa

Лидерот во првенството на Италија, Јувентус, во моментов планира да го ангажира играчот на Баерн Минхен, Тони Крос. Со оглед на тоа дека играчот сe уште се нема договорено со клубот за нов договор лесно може да се случи во текот на летото да биде продаден.

Оваа информација е добредојдена за Јувентус од каде што се подготвени да платат од 15 до 18 милиони евра. Информациите говорат дека веќе се преговара со Баерн Минхен за фудбалерот и можно е во скоро време да има информација околу неговиот трансфер.

Крос има договор со Баерн до 2015-та година а засега не успеа да се договори со челниците на клубот за продолжување на соработката. За германскиот репрезентативец интерес покажуваат Манчестер Јунајтед, Челзи, Јувентус и Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП