3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKawasaki Ninja го слави 30-тиот роденден

Kawasaki Ninja го слави 30-тиот роденден

Kawasaki-Ninja-301

Иконата на тркачката мото-технологија, „Kawasaki Ninja“, оваа година го слави 30-тиот роденден, три децении успешен пат кој започна далечната 1984-та.

„Татко“ на сите „Ninјa“ модели беше „GPZ 900R“, кој го отвори патот за многу генерации спортски мотоцикли со високи перформанси, кои подоцна следуваа.

„Kawasaki“ на манифестацијата одржана во Барселона на која беа претставени „Супербајк“ тимот и машините, ја презентираше ознаката посветена на оваа важна годишнина, но и новото лого на „Ninja“.

Kawasaki-Ninja-30

„„Ninјa“ е бескомпромисен и има тенденција да во однос на имиџот и перформансите, да биде најдобар. Од основниот модел, па се до моќниот „Ninјa ZX-10R“, семејството на моделите „Ninјa“ во најдобра смисла ја прикажуваат основата на брендот „Kawasaki““, велат од компанијата.

Во текот на годината, комапнијата со низа акции и манифестации ќе потсети на познатите модели од минатото и нивните успеси на патеките, а истовремено ќе ги презентира актуелните случувања и развојните планови за идните мотоцикли.

Според зборовите на Тошијаки Тани, менаџерот на продажниот сектор на јапонската компанија, прославата на 30-тиот роденден на семејството „Ninјa“ е посветено не само на оние кои поседуваат мотор на „Kawasaki“, туку на сите оние кои сакаат да го откријат вистинскиот дух на познатиот бренд.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП