3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPeugeot подготвува купе лимузина 408 GT?

Peugeot подготвува купе лимузина 408 GT?

peugeot 4088

Британски „AutoExpress“ се обиде да предвиди како ќе изгледа „Peugeot 408 GT“, а идната купе лимузина за која овој магазин тврди дека е во подоготовка, ќе се појави на пазарот во 2016-та година.

Според пишувањето на „AutoExpress“, „408 GT“ е замислен како ривал на „Mercedes CLA“, a ќе биде поставен на „EMP2“ платформата. Внатрешноста ќе биде дизајнирана по угледот на „Peugeot 308“ со употреба на квалитетни материјали за да може автомобилот уште повеќе да се приближи до премиум сегментот.

„Peugeot 408 GT“ ќе биде понизок и поширок од новиот „308“ и ќе има поагресивен изглед.

peugeot 4081

Првиот показател за дизајнот на новиот модел би требало да биде познат кога „Peugeot“ на саемот во Пекинг во април ќе го претстави концептот кој беше најавен на крајот на јануари. Станува збор за автомобил долг 4,73 метри и висок 1,31 метри со конфигурирани седишта 2+2.

Што се однесува до погонските единици, „408 GT“ на располагање ќе има мотори кои ги користи моделот „308“: турбо-бензинци од 1.2 и 1.6, како и 1.6 и 2.0 дизел агрегати.

Засега е се на ниво на неофицијални информации до кои дојде британскиот магазин. Ако навистина „Peugeot“ планира производство на еден ваков модел, повеќе детали би можеле да бидат познати по априлската премиера на најавениот концепт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП