28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОвие намирници не смеете да ги комбинирате со лекови

Овие намирници не смеете да ги комбинирате со лекови

lekovi i hrana1

Кога земаме одредена терапија, најчесто се трудиме да внимаваме да ја земаме во одреден период, во точно време, но ретко или никогаш не обраќаме внимание што јадеме пред или после земањето на лекот.

Многу луѓе не сфаќаат дека комбинирањето на лековите со одредена храна, исто така игра важна улога во дејството на лекот. Одредени намирници го намалуваат ефектот кој треба да го има лекот, додека во комбинација со други, можат да имаат посилен ефект и ќе направат повеќе лошо, отколку добро. Еве кои комбинации треба да ги избегнувате:

Грејпфрут

Грејпфрутот се препорачува за снижување на холестеролот, но ако земате апчиња за тоа, тогаш треба да го заобиколите ова овошје. Имено, оваа комбинација го засилува ефектот, носејќи го до опасно ниво.

Грејпфрутот не се препорачува со уште многу други лекови, вклучувајќи ги тие за алергија, депресија, висок крвен притисок и некои срцеви заболувања. Ова овошје е специфично, бидејќи некои негови состојки се разградуваат преку црнодробниот ензим кој не може истовремено да „работи“ и на лековите, а со тоа лекот на некој начин станува отров во организмот, бидејќи го има премногу.

Млеко и млечни производи

Една од најраширените погрешни комбинации е млеко со антибиотици, причинувајќи побавна апсорпција, а последица на тоа е послабиот терапевтски ефект. Одредени видови на сирење. како пармезан и чедар, го забавуваат делувањето на антидепресивите, а ист ефект има и делувањето на бакалар, феферони и пилешки џигер.

Банана, домати, компир

Овие намирници содржат висок процент на калиум и никако не смеат да се користат во комбинација со диуретици.

Алкохол

Ова веќе го пишува на секое упатство за употреба на лекови, меѓутоа, ако не го сфаќавте сериозно, треба да знаете дека одредени лекови навистина не смеат во никој случај да се комбинираат со алкохол. Меѓу нив, вредни за споменување се антихистаминицините, аналгетици, антидепресиви, па и контрацепциските пилули.

Зелен зеленчук

Ако имате проблеми со згрутчување на крвта, треба да го избегнувате зелениот зеленчук, особено спанаќ и зелка, а ист ефект имаат и гравот и рибата. Всушност, ако земате лекови за разредување на крвта, треба да ги избегнувате сите продукти кои во себе содржат високо ниво на витаминот К.

Црн чај

За црниот чај, докажано е дека го намалува крвниот притисок и блокира одредени ензими кои се одговорни за разградување на низа лекови во телото.

Но, покрај влијанието на храната врз апсорпција на лековите, постојат и обратни случаи. Најдобар пример е претераната употреба на лаксативи која може да предизвика лоша апсорпција на витамините А, Д, Е и К. Кортикостероидите ја забавуваат апсорпцијата на калциум и го поттикнуваат апетитот што може да доведе до дебелеење. Аспиринот и андолот, освен што не смеете да ги земате на празен желудник, предизвикуваат и губење на витамниот Ц.

„Луѓето секогаш треба да се консултираат со своите лекари или фармацевти со што смеат, а со што не да ги комбинираат лековите. Многу од нив не сакаат да се распрашуваат, а не сфаќаат дека една од најважните работи е комбинирањето на лековите и храната“, истакнува нутриционистот Мари Џејнс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП