13 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen го покажа освежениот Taigun

Volkswagen го покажа освежениот Taigun

tiguan indija

„Volkswagen“ за време на оддржувањето на саемот за автомобили во Њу Делхи го претстави освежениот „Taigun“ компактен кросовер.

Во текот на 2012-та година кросоверот „Volkswagen Taigun“ за прв пат беше претставен, а овој пат станува збор за редизајниран модел кој го одликува подобрен заден дел со резервно тркало.

tiguan indija1

Вкупната должина на возилото е 3.859mm, со поставеното резервно тркало, ширината изнесува 1.728mm, а должината 1.570mm, односно 1.605mm со носачите на покривот. Овој „VW“ модел може да се пофали со меѓуосовинско растојани од 2.470mm, па така петмина луѓе можат удобно да се сместат во ова возило, а на располагање е и багажник од 280 литри.

Кога задните седишта ќе се поклопат се добиваат дополнителни 996 литри. Моделот „Taigun“ го одликува мал, трицилиндарски 1.0L TSI мотор кој располага со 110ks излезна моќ при 5.000opm и 175Nm вртежен момент при 1.500opm. За забрзувањето до 100km/h потребно му е 9.2 секунди, додека максималната брзина што може да ја развие е 186km/h.

tiguan indija3

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП