29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗXLV кросовер концептот на SsangYong

XLV кросовер концептот на SsangYong

xlv

Јужнокорејскиот производител „SsangYong“ на меѓународниот саем за автомобили во Женева ќе го претстави својот нов хибриден кросовер, концептот „XLV“.

„XLV“ (eXciting smart Lifestyle Vehicle) е мултифункционален концепт на „SUV“ кој припаѓа во „B“ сегментот.

Благодарејќи на хибридниот погонски систем кој комбинира 1.6-литарски четирицилиндричен дизел мотор со директно вбризгување и електромотор кој користи литијум-јонска батерија, овој автомобил има значително пониска емисија на „CO2“ од својот претходник, концептот „XIV-1“ кој беше претставен во 2011-та во Франкфурт.

Новиот концепт е долг 4.430 mm, широк 1.845 mm и висок 1.600 mm, додека меѓуосовинското растојание изнесува 2.600 mm. „SsangYong XLV“ e 290 mm подолг од претходниот концепт „XIV-1“ и е опремен со седум седишта.

xlv1

Во оваа компанија објаснуваат дека седиштата се поставени на иновативен начин, во распоред 2+2+2+1, каде што седмото седиште е поставено меѓу вториот и третиот ред со цел да се постигне максимална флексибилност и комфор.

Претставувајќи ја новата филозофија на дизајн на „SsangYong“ – „Nature born 3 motion“, најновиот концепт „проектира ритмички и динамичен дизајн на екстериерот и се обраќа на интелегентните, информираните и проактивните корисници кои сакаат индивидуалност и практичност“, објаснуваат од корејскиот производител.

Повеќе технички детали и фотографии за концептот „XLV“ ќе бидат достапни за време на одржувањето на саемот за автомобили во Женева.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП