3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСледната трансфер бомба на ПСЖ е Јанузај

Следната трансфер бомба на ПСЖ е Јанузај

Britain Soccer Premier League

ПСЖ јавно изрази интерес за младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Аднан Јанузај.

„Светците“ ќе се обидат во текот на летото да го доведат талентираниот Белгиец, а британските медиуми шпекулираат за трансфер вреден дури 50 милиони евра, иако станува збор за 19-годишен фудбалер.

Како што објави „Дејли Стар“, францускиот тим покрај големото обесштетување е подготвен да му понуди на Јанузај 120.000 евра неделно.

Меѓутоа на Островот пишуваат дека менаџерот на Јунајтед, Дејвид Мојс ќе стори се Јанузај, кого токму тој го лансираше во фудбалската орбита минатата есен, и натаму да го задржи во својот тим.

Јанузај во октомври го продолжи договорот со Јунајтед и сега тој добива 40.000 фунти неделна плата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП