25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОтворени помалку работни места во приватниот сектор во САД

Отворени помалку работни места во приватниот сектор во САД

usa-flag-

Американскиот долар падна во однос на јенот и се наоѓа во близина на двомесечното дно по објавувањето на американските податоци за новите работни места, кои покажаа дека се отворени помалку работни места од она што предходно се очекуваше.

Форекс парот USD/JPY во текот на вчерашното тргување забележа пад на 100.80.

Вредноста на доларот се намали по објавувањето на извештајот кој покажа дека вработеноста во САД во приватниот сектор, надвор од земјоделството, се зголеми во јануари на 175.000, додека се предвидуваше зголемување за 191.000.

Извештајот предизвика загриженост за закрепнувањето на американската економија во пресрет на важните податоци кои ќе бидат објавени во петок кои се однесуваат на бројот на вработени.

Во однос на еврото, доларот беше стабилен. EUR/USD благо се спушти на 1.3513.

Фунтата падна во однос на доларот и GBP/USD падна на 1.6273.

Фунтата беше под притисок по објавувањето на податоците кои покажаа дека активностите во услужниот сектор во Велика Британија се забавија во јануари.

Американскиот долар падна и во однос на швајцарскиот франк. Форекс парот USD/CHF се спушти на 0.9040.

Новозеландскиот долар исто така се намали во однос на американскиот долар. NZD/USD ослабна на 0.8209.

Австралискиот долар остана речиси непроменет во близина на тринеделниот врв. AUD/USD се тргуваше на 0.8911.

Канадскиот долар исто така беше стабилен. USD/CAD благо се искачи на 1.1096.

Бројот на градежни дозволи издадени во Канада за декември се намали за 4.1%, а се очекуваше раст за 2%.

Индексот на доларот кој го прати односот наспроти останатите шест главни валути се намали за 0.01%.

 

Адмирал Маркетс,

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП