3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООлимписките медали пристигнаа во Сочи

Олимписките медали пристигнаа во Сочи

medali socii

Oткако беа видени од близу 2.5 милиони Руси во 16 градови во земјата (Москва, Санкт Петербург, Сочи, Краснодар, Ростов, Јарослав, Мурманск и други), Олимписките медали беа доставени во Сочи.

Нивното производство е завршено уште во декември, а потоа уште еден месец биле подложени на контрола на квалитетот. Според зборовите на техничкиот директор на компанијата, изработените медалите поминале низ секакви тестови, како паѓање, капење во шампањ, а дури и проверка на гризење со заби.

За Игрите во Сочи се направени 1254 медали. Златните медали тежат 531 грама, сребрените – 525 грама, а бронзените 460 грама. Лентата на која се закачени медалите може да издржи до 100 килограми.

Златниот медал има 6 грама злато, кој е на предната страна, а остатокот е од сребро. Три килограми злато, два тони сребро и 700 килограми бронза беа искористени за производство на медалите. Ова се првите медали во историјата на Олимписките игри кои не се сериско производство, туку сите биле изработени рачно. Во дизајнот на медалите се користат руски мотиви.

Инаку од утре стартуваат Зимските Олимписки игри во Сочи, каде спортистите од целиот свет во различни дисциплини и спортови ќе се обидат да дојдат до еден од 1254 медали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП