2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФергусон го избрал Кагава пред Азар

Фергусон го избрал Кагава пред Азар

Shinji-Kagawa-Eden-Hazard

Во 2012-та година Сер Алекс Фергусон имал можноста да избира еден меѓу двајцата фудбалери, Еден Азар и Шинџи Кагава. Шкотланѓанецот долго време размислувал каква одлука ќе донесе, но на крајот изборот паднал на Јапонецот од Борусија Дортмунд, пишува „Дејли експрес“.

Тогаш Азар изгреваше на светскиот фудбалски хоризонт со екипата на француски Лил. Сер Алекс сепак сметал дека физиката на Белгиецот е премногу кревка.

На крајот Кагава премина во Јунајтед, а Азар во Челзи.

Денес се гледа каков е ефектот. Јапонецот и не успева да се адаптира на „Олд Трафорд“, додека Белгиецот е водечка фигура во составот на Челзи.

Дури вчера Мурињо го прогласи за број 1 во светот.

Според сегашната состојба и игрите кои ги прикажуваат Кагава и Азар, се чини дека искусниот стратег многу погрешил во својата одлука, но тоа е фудбалот, никогаш ништо не се знае.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП