19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПаметна топка за кошарка (видео)

Паметна топка за кошарка (видео)

pametna topka

Kомпанијата „InfoMotion Sport Technologies“ нa „CES“ демострираше интересен производ за љубителите на кошарката. Станува збор за „паметната“ кошаркарска топка „94Fifty Smart Sensor“ која го следи трендот на модерните спортски технолошки додатоци.

Топката е со стандардни димензии и тежина и доаѓа опремена со бројни сензори кои го мерат забрзувањето, правецот на движење и други параметри, со цел на играчот да му се даде увид во стилот на игра или евентуалните слабости и грешки кои истите мора да ги подобри. Во топката е вградена и батерија за сензорите која може да издржи осум часа непрекината работа, а се полни безжично на соодветна сталка.

Информациите за игрите топката ги испраќа на смартфонот и тоа по пат на врската „Bluetooth LE“, а корисните информации очекувано се прикажуваат на соодветната апликација. Дометот на таквата врска е триесетина метри, а апликацијата моментално е достапна само за „iOS“ уредите, но во развој е и „Android“ верзија која исто така наскоро би требало да биде достапна. Цената на топката изнесува 300 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП