10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТери ќе потпише нов едногодишен договор

Тери ќе потпише нов едногодишен договор

dzon teri celzi

Џон Тери е подготвен да потпише нов едногодишен договор со Челзи и да остане на „Стемфорд Бриџ“ и следната сезона, пишува „Дејли Меил“.

Договорот на капитенот на „сините“, кој демонстрира одлична форма во моментов, истекува на крајот на јуни. Неговата неделна плата е 150.000 фунти.

33-годишниот Тери сакаше продолжението на договоро за уште две години, но од клубот не прават компромис за никој и политиката е на играчи над 30 години да нудат 12-месечни договори.

На крајот на краиштата Тери се согласи на тоа и се надева дека ќе во август ќе ја започне 17-тата сезона во дресот на Челзи.

Со исклучок на еден краток период како позајмен играч во Нотингем Форест, дефанзивецот целата своја професионална кариера ја поминал во лондонскиот тим. За националниот тим на Англија тој има 78 натпревари и 6 гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП