Тренерот на Челзи, Жозе Мурињо во текот на летото ќе доведе врвен напаѓач во своите редови, а најверојатно тој за тоа нема да штеди. Португалецот е подготвен да потроши дури 50-тина милиони евра, а во потесниот список се најдоа Диего Коста, Едисон Кавани, но и Марио Манџукиќ.
Оваа вест ја пренесе британскиот таблоид „The Sun“ кој притоа напоменува дека „Специјалниот“ се откажал од доведувањето на Вејн Руни од Манчестер Јунајтед.
Неодамна Мурињо изјавил дека „луѓето летоска ќе дознаат зошто оваа зима не доведовме напаѓач во нашиот тим“. Според овие зборови, тој подготвува нешто големо…
Манџукиќ во текото на летниот преоден рок многу лесно би можел да го напушти Баерн, затоа што во Минхен пристигнува Роберт Левандовски, а се чини дека на Пеп Гвардиола повеќе му се допаѓа полскиот репрезентативец.
Сепак, треба да го почекаме летниот трансфер прозорец за да ја дознаеме судбината на Манџукиќ, за кого сериозно „загриза“ и Јувентус.