18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈувентус му предлага нов договор на Конте

Јувентус му предлага нов договор на Конте

antonio kontea

Продолжувањето на договорот на тренерот на Јувентус, Антонио Конте е главен приоритет за раководството на клубот, соопштува италијанскиот печат.

Според медиумите, намерата на првите луѓе на „старата дама“ е да го убедат Конте да потпише до летото 2017-та година. Претходно, претседателот на Јуве Андреа Ањели изрази увереност дека клубот ќе постигне договор со Конте, за кого се интересира и францускиот прволигаш Монако.

Стратегот работи во тимот од Торино од крајот на мај 2011-та година и досега успеа да обезбеди две првенствени титули во Серија А, како и два Суперкупа.

Како фудбалер 44-годишниот Конте запиша 419 натпревари во дресот на Јувентус и постигна 44 гола во периодот од 1991-ва до 2004-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП