7 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 05.02.2014

Дневен хороскоп 05.02.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Иако вашите пријатели не ве разбираат многу, тие ќе ги поддржат вашите напори. Препоставувате дека тие ќе се спротивстават на вашите необични идеи, но можеби само не сакаат да размислуваат на начин на кој вие го правите тоа. Ако чувствувате дека се е во ред, направете чекор напред и остварете ги своите планови.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Потрудете се денот да го поминете во друштво со саканото лице. Партнерот сака да му посветите малку внимание. Не штедете се во таа смисла. Потребно е да внесете ведрина и позитивна енергија. Возвратената љубов ќе ви биде доволна за издржување на обврските во текот на денот. Успеавте да заштедите некој денар и тоа е за пофалба, продолжете така.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Насочете се кон покреативни идеи ако сакате да постигнете успех. Внимавајте на здравјето. Правите невозможни планови. Ве очекуваат изненадувања по кои треба да се ослободите од споредните работи. Движете се чекор по чекор и внимавајте на финансиите.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Луѓето обожаваат да озборуваат и денес можно е до вас да пристигнат гласини токму за вашиот живот. Иако озборувањето може да биде забавно, никогаш не е интересно кога вие сте главен лик во него. Внимавајте колку откривате пред другите за вас. Бидете отворени, но не и за деталите кои може да станат пикантен трач.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денес вашите сетила ќе бидат изострени и постојано ќе и се воодушевувате на убавината околу вас. Посетете некоја уметничка изложба или почесто слушајте пријатна музика. Нахранете ги вашите сетила. Секој допир од партнерот ќе ви донесе дополнителна возбуда. Препуштете и се на забавата и уживајте.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Уште од првите моменти по утринското отворање на очите ќе започнете со детално анализирање на работите и постојано двоумење. Воопшто нема да ви биде лесно да донесувате одлуки, а милионите мисли ќе создаваат хаос во вашата глава. Не брзајте да ги завршите работите туку-така, колку да се каже дека се направени. Подобро е да си оставите нешто и за утре.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе има и денови кога ќе посакате да се скриете и незабележано да се движите низ улиците и на работното место, но ова дефинитивно не е еден од нив. Дозволете и на самодовербата да си го направи своето и храбро истапете еден чекор пред другите. Имате нестандардни идеи и решенија за проблемите? Ставете ги на маса. Луѓето сакаат кога некој размислува на поинаков начин, кога знае да ја разбие монотонијата. А вие сте совршената личност за тоа.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Упорни сте, а тоа посебно ќе дојде до израз денеска. Би требало да го насочите вниманието во правец на кариерата и успехот. Запомнете дека се уште напредувате. Продолжете да учите и целиот вложен труд ќе ви се врати. Доколку не верувате – пробајте!

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Пријателите ќе се обидат да ги нарушат вашите деловни планови, но ќе успеат само ако вие им дозволите. Бидете паметни, завршете си ја работата, а потоа правете им друштво на оние што ве канат на забава. На крајот од денот ќе бидете задоволни.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес ќе имате потреба да направите што повеќе работи. Се чувствувате полни со енергија, имате волја и концентрација и ќе бидете прилично способни за да направите се што сакате. Не претерувајте. Енергијата ќе ви биде потребна и за некој друг ден.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ве тераат да дадете максимум од себе и да биде најдобри, а вие се чудите како може најдобрите да бидат уште подобри. Штом е така, можеби е време да се спуштите на земја и да сфатите дека околу вас има луѓе кои, исто така, се интелигентни и интересни.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе мора да најдете начин како безболно да ги примате критиките, зашто ако продолжите вака, ќе се разболите. Мора да сфатите дека лицето од кое доаѓаат ве сака и ве почитува, а тоа што ви го зборува е најдобронамерно. Забележете каде грешите и потрудете се да го поправите тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП