28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВо општина Ѓорче Петров ФФМ официјално го пушти во употреба првиот фудбалски...

Во општина Ѓорче Петров ФФМ официјално го пушти во употреба првиот фудбалски терен со вештачка трева

DSC_0902

Фудбалската Федерација на Македонија со поддршка од УЕФА и „хет трик“ програмата за равој, а во соработка со институциите, денеска во општина Ѓорче Петров официјално го пушти во употреба, „Македонски Лавови“, првиот фудбалски терен со вештачка трева, дел од проектот за поставување  на десет  фудбалски терени со вештачка трева во различни општини во Македонија. На свеченото отворање присуствуваше  председателот на Владата на Република Македонија г-дин Никола Груевски, претседателот на ФФМ, г-дин Илчо Ѓорѓиоски,  директорот на агенцијата за млади и спорт, г-дин г. Марјан Спасески, Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, г-дин Сокол Митровски како и г-дин  Давид Патриашвили, претставник од УЕФА.

Инвестициите во развој на фудбалската инфраструктура се клучни за развојот на фудбалот. Првиот терен на кој е инсталирана вештачка трева  е овој, во општина Ѓорче Петров, општина која прва ги заврши превземените обврски околу подготовката на подлогата за поставување на вештачката трева.  Со ова општината ја докажа својата посветеност кон спортот како поле каде треба да се докажуваат младите таленти. Ние во Фудбалската Федерација на Македонија сме подготвени позитивните искуства да ги претвориме во долгорочна соработка, во правец на создавање на услови за развој на фудбалот, почнувајќи од најмладите  категории, па сѐ до професионалниот фудбал. Со инсталирањето на теренот со вештачка трева во Ѓорче Петров, а потоа и во останатите градови во Македонија ќе придонесеме многу повеќе млади луѓе да го засакаат фудбалот, да тренираат во одлични услови, што севкупно ќе значи популаризација нa фудбалот, и да се надеваме појава на многу нови фудбалски таленти, нешто што отсекогаш било наша одлика.

Нека нѐ обедини радоста што ја носи фудбалот – изјави председателот на ФФМ, г-дин Илчо Ѓорѓиоски на отворањето на првиот вештачки терен.

final-antistres-logo

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Сокол Митровски истакна дека на игралиштето е изграден најсовремен дренажен систем во кој се испочитувани сите стандарди кои ги бара УЕФА. Инфраструктурно уредување е направено и околу теренот. За реализацијата на овој проект ние одвоивме средства од буџетот на општината, а вештачката трева е донација од ФФМ и УЕФА како наши докажани пријатели кои безрезервно ни помагаат во реализирање и на други спортски настани .

Претставникот од УЕФА Давид Патриашвили нагласи дека има исклучително добра соработка со ФФМ за што, како што рече, воглавно работи во согласност со 11-те фудбалски вредности на УЕФА – Фудбалот на прво место. Ваков вид проекти не е можно да се исполнат доколку нема одлична соработка меѓу локалната и централната власт, Фудбалската федерација и УЕФА. Само со соработка на сите ќе може да се имплементираат и амбициозните проекти на УЕФА кои чекаат да бидат спроведени во вашата земја.

DSC_0902

Свое обраќање на свеченоста имаше и Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски кој го поздрави проектот за инсталација на 10-те терени со вештачка трева на територија на државата и истакна дека заложба на Владата е да се создадат услови за активно вклучување на младите во спортски активности во целата држава.  Како докажан спортски пријател Премиерот изрази надеж дека овие инфраструктурни подобрувања ќе бидат чекор плус во насока да ги оствариме заедничките цели, децата и младите да се посветат на спортот и здравите вредности.

10-те фудбалски терени со вештачка трева, се дел од соработката на Фудбалската Федерација на Македонија, Владата на Република Македонија, Агенцијата за млади и спорт,  локалната самоуправа како и на програмата за развој на УЕФА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП