3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКупиле фудбалер ама не го земале од аеродром

Купиле фудбалер ама не го земале од аеродром

titititi

Никој од раководството на италијанскиот фудбалски клуб Болоња не отишол на аеродром да го пречека новиот играч купен од бразилскиот клуб Коринтијанс.

Искусниот Ибсон допатувал во италијанската престолнина, а таму немало никој од Болоња.

Поради овој пропуст претседателот на клубот им доделил откази на генералниот менаџер, портпаролот и на уште двајца службеници за кои сметал дека се виновни за административната грешката.

Италијанските медиуми очекуваат отказ да си поднесе и почесниот претседател на клубот, легендарниот италијански пејач и актер Џани Моранди кој изразил разочарување од однесувањето на навивачите на дуелот со Наполи.

Тие во последно време прават се повеќе инциденти, а порано важеа за едни од најмирољубивите и најтолерантните во Италија.

Болоња по 22 одиграни рунди во Италијанското фудбалско првенство се наоѓа на 17.место со само еден бод повеќе од екипите кои се во зоната на испаѓање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП