3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар го промовира новиот тренер Андреев

Вардар го промовира новиот тренер Андреев

vardar

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар денеска го промовираше новиот тренер, Сергеј Андреев кој доаѓа на местото на досегашниот шеф на стручниот штаб Боби Милевски.

Русинот веќе ги одработи првите тренинзи со „црвено-црните“ и побара време за подобро да се запознае со играчите за да донесе квалитетен заклучок, но не пропушти да каже дека одбраната на титулата е примарна цел.

– Се уште не ги познавам добро играчите. До сега имавме само три тренинзи и првично сум задоволен од прикажаното. Секако престои многу напорна работа за да се одбрани шампионската титула што е наша примарна цел. Подолгорочно гледано сакам Вардар да игра агресивен фудбал, убав фудбал и да успее да ги врати навивачите на трибините, изјави Андреев на денешната прес-конференција.

57-годишен руски тренер работел во репрезентацијата на поранешниот СССР и бил тренер на повеќе екипи од Русија меѓу кои и на Ростелмаш и Черноморец.

Вардар освен нов тренер добива и нов извршен директор. Самоил Симев ќе го замени Горан Митев кој останува во клубот, но сега ќе работи како директор на младинската школа.

Новиот директор најави напорна работа за Вардар да го добие посакуваниот лик и секако продолжување на успесите во континуитет со освојување на нова шампионска титула и пласман во квалификациите од Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП