7 јули, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед ќе го руши рекордот на Мата со португалски талент

Јунајтед ќе го руши рекордот на Мата со португалски талент

karvaljo sporting

Англискиот шампион Манчестер Јунајтед е подготвен да даде 45 милиони евра за португалскиот талент Вилијам Карваљо во текот на летото и уште еднаш да го скрши клупскиот рекорд, откако оваа зима плати 44,73 милиони евра за Хуан Мата од Челзи.

Споменатата сума од 45 милиони евра е зачувана како ослободувачка клаузула во договорот на 21-годишниот играч од средниот ред, кој е врзан со Спортинг Лисабон до летото 2018-та година. Според англиските медиуми интерес кон халфот има уште од Реал Мадрид и Барселона, но тој засега е занемарлив, а Манчестер Јунајтед ги следи настапите на фудбалерот кој потекнува од Ангола и несомнено ќе сака да го привлече во следниот преоден рок.

„Не сме заинтересирани овој играч да го напушти клубот“ , изјави спортскиот директор на Спортинг, Бруно Карваљо кој нема роднинска врска со игрчот и истите презимиња.

Тој, сепак, е целосно свесен дека Вилијам Карваљо го разбудил интересот на големите европски клубови и Спортинг нема што да направи, ако друг тим се согласи да ги плати овие 45 милиони евра кои стојат во клаузулата од договорот на Карваљо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар