3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса го возвраќа ударот, претставен проектот за „Ноу Камп“ (видео)

Барса го возвраќа ударот, претставен проектот за „Ноу Камп“ (видео)

barselona kamp nou

Барселона подготвува голем проект кој ќе им даде на градот и фудбалскиот клуб, нов неверојатен објект на темелите на сегашниот „Ноу Камп“.

Новото раководство на Барса веќе соопшти дека проектот ќе чини 600 милиони евра.

Целата конструкција ќе се издига на неверојатните 104.000 квадратни метри, во споредба со сегашните 40.000. Така тој ќе стане најголемиот стадион во светот. Проектот се вели „Еспај Барса“, а пред да се пристапи кон неговата реализација, ќе има референдум на 5-ти или 6-ти април.

Работата ќе започне во мај 2017-та година и треба да заврши во февруари 2021-ва.

За време на презентацијата беа претставени дигитални слики на првичниот проект, но вистинскиот дизајн уште не е подготвен.

Потпретседателот за финансиски прашања, Хавиер Фауст, објасни дека идејата е создавање на нов стадион за 105.000 гледачи, сала за 12 илјади гледачи, помала сала и лизгалиште, како и комерцијална и јавна зона, модерни канцеларии и други објекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП