25 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 04.02.2014

Дневен хороскоп 04.02.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денес ќе имате потреба да направите што повеќе работи. Се чувствувате полни со енергија, имате волја и концентрација и ќе бидете прилично способни за да направите се што сакате. Не претерувајте. Енергијата ќе ви биде потребна и за некој друг ден.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Избегнувајте ги судирите со околината, бидејќи нема ништо да добиете со арогантноста и цинизмот. Проблем на денот ќе бидат вашата мрзливост и чувството дека нештата не се под ваша контрола. Вложувате огромен напор за да ја постигнете саканата цел.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Вашиот интерес денес ќе биде насочен кон финансиите, финансиските проблеми, парите или, пак, вреднувањата на личности. Внимавајте некој може да ви се налути, а тоа не е добро за вас ниту во деловниот ниту во приватниот живот. Финансиите во последно време ви се слаба страна, фатете се за работа.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Бидејќи сте затворени во себе, можете сериозно да го нарушите здравјето и да се соочите со долготрајни последици. Не дозволувајте да ве погодат коментарите на околината. Премногу сте чувствителни и тоа ве води до погрешна процена на многу нешта.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Бидете претпазливи во своите реакции, кои можат да бидат прилично избрзани, нервозни, а вие, поради други причини кои немаат врска со конкретното случување, да бидете расположени за расправија. На работното место сте осудени, внимавајте како се однесувате, пријателството и бизнисот не можат да се мешаат.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Во следните неколку дена можни се промени, помали или поголеми, на вашето работно место, на деловен план, на планот на вашите професионални активности или некаде каде што ги остварувате своите амбиции. Најбитно од сe е да не се потпирате само на она што ќе го видите, бидејќи има големи изгледи да донесете погрешни заклучоци.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денес ќе бидете строги, но не затоа што сакате да ги омаловажувате луѓето, туку затоа што сакате да ги мотивирате. Искористете ја почитта што другите ја имаат кон вас за да им дадете корисни совети. Вашите комуникациски способности ќе ви помогнат да се вклопите таму, каде што досега малкумина успеале.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Искористете го овој ден за да излезете од комфорната зона. Тестирајте ја вашата трпеливост преку комуницирање со луѓе кои ве вадат од такт, направете нешто за кое што фантазирате долго време или храбро пријдете му на оној кој го буди вашиот интерес. Лесно ќе можете да ги изразите вашите мисли, па ќе бидете одличен соговорник. Ова е одличен ден за состанок, презентација или говор пред поголема публика.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе бидете преокупирани со работите кои не можете да ги промените и врз кои немате контрола. Но, колку повеќе мислите и зборувате за нив, толку повеќе ќе ја губите својата самодоверба. Затоа, фокусирајте се на иднината и на нештата кои можете да ги промените во ваша корист.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Честопати прво набљудувате, а потоа се вклучувате во разговорите. Денес нема да биде така. Во секој момент ќе бидете подготвени да се прилагодите кон било кое друштво. Со помош на вашата смисла за хумор и интелигентните забелешки и коментари веднаш ќе се слеете во групата. Остроумноста која ја поседувате ќе ви донесе повеќе од еден обожавател.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Интересните случувања во емотивниот живот уште повеќе ќе ја доведат до израз вашата позитивна енергија со која зрачите пред околината. Но, внимавајте да не претерате со искажувањето на чувствата, бидејќи веќе во наредниот момент може да се почувствувате емотивно слаби.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Иако успехот е загарантиран, тремата и постојаната тензичност се неминовни одлики кои може да ве следат до искачувањето на врвот. Решавањето на емотивните проблеми ќе почека некои подобри денови. Многу припадници на овој знак денес ќе забележат успех на работното место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП