2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнглиските гиганти ќе се наддаваат за играчот на Баерн

Англиските гиганти ќе се наддаваат за играчот на Баерн

tonci krosa

Шампионот Манчестер Јунајтед, градскиот ривал Манчестер Сити, лондонските Челзи и Арсенал, како и Ливерпул ќе конкурираат во текот на летото за германскиот репрезентативец и фудбалер на Баерн, Тони Крос. Во врска со овој интерес веќе е вмешано и името на друг германски репрезентативец и ѕвезда на Шалке 04, Јулијан Дракслер, кој веќе се споменува за заменик на Крос кај „баварците“.

Според „Дејли Меил“ сите англиски гиганти се подготвени да инвестираат околу 30 милиони евра за привлекување на Крос. Манчестер Јунајтед дури ги предложи овие 30 милиони евра во последниот ден од зимскиот преоден рок, но 24 -годишниот фудбалер сам не сакаше да го напушти Баерн со образложение дека има желба да ја освои Лигата на Шампионите со „баварците“ втора година по ред.

Договорот на Крос со Баерн е до летото 2015-та година, а до овој момент преговорите меѓу халфот и клубот за продолжување се во застој. Англиските гиганти сепак се надеваат дека двете страни нема да се договорат по прашањето за платата на фудбалерот, кој засега не отстапува од 9 милиони евра по сезона.

Според англиските медиуми трансферот на ѕвездата на Шалке 04 Јулијан Дракслер во Арсенал пак е пропаднат, бидејќи од Баерн веќе имаат планови за 20-годишниот играч и сакаат да го привлечат како заменик на Крос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП