28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија ги доби ривалите во квалификациите за кошаркарското ЕП

Македонија ги доби ривалите во квалификациите за кошаркарското ЕП

mkrp

Македонската кошаркарска репрезентација денеска ги дозна противниците во квалификациите за Евробаскетот во Украина 2015 година.

Македонија ќе игра во групата Д заедно со Белгија, Белорусија и Данска.

На жрепката во Барселона беа извлечени и составите на другите групи:

Група А: Исланд, Велика Британија, Босна и Херцеговина.
Група Б: Бугарија, Израел, Црна Гора, Холандија.
Група Ц: Австрија, Полска, Германија, Луксембург.
Група Е: Португалија, Грузија, Чешка, Унгарија.
Група Ф: Словачка, Шведска, Летонија, Романија.
Група Г: Швајцарија, Русија, Италија.

Од 26-те земји учеснички во квалификациите, 13 ќе обезбедат место на Евробаскетот во Украина 2015 година, а за тоа, Македонија ќе треба да заврши прва во групата со Белгија, Белорусија и Данска, или евентуално втора, но да биде меѓу шесте најдобро второпласирани селекции од сите групи.

Со оглед на тоа што нашата репрезентација се наоѓа во група со уште три екипи, при рангирањето на второпласираните селекции нема да се земат во предвид резултатите со последнопласираната екипа од групата.

Натпреварите од квалификациите ќе се играат по систем „дома-гости“ во периодот од 10 до
27 август 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП