12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајк му понуди нов договор на Јунајтед кој не се одбива

Најк му понуди нов договор на Јунајтед кој не се одбива

dres man utr

Концернот за спортска опрема „Најк“ е на пат да го освои правото да го облекува тимот на Манчестер Јунајтед и во следните 10 години.

Американскиот гигант планира да предложи преголем договор во износ од 1 милијарда долари, за да продолжи да биде главен спонзор на „црвените ѓаволи“. „Најк“ и во моментов го облекува клубот, но 13-годишниот договор меѓу двете страни истекува во 2015-та година. Шефовите на американскиот концерн сепак веќе започнале разговори за неговото продолжување за нови 10 години, но тие сакаат да ги зголемат своите инвестиции од 23,5 милиони фунти годишно, кои ги даваат во моментов, до 70 милиони годишно.

Тоа значи дека за целиот период од договорот во Јунајтед ќе пристигнат 700 милиони фунти, што е над 1 милијарда долари. Тоа ќе биде рекорден договор кој ќе е двојно повисока од оној меѓу „Адидас“ и Реал Мадрид во вредност 31 милиони фунти годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП