29 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 03.02.2014

Дневен хороскоп 03.02.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Постои ли некоја тајна која би сакале да ја откриете, но не можете? Денес околу вас ќе владее некоја чудна енергија и интелектуална загатка. Што и да биде, ќе дадете се од себе за да откриете се што може да се открие. Не бидете премногу напорни, може да ги одалечите важните луѓе од вас. Со мирен пристап ќе постигнете многу повеќе.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе забележите деловен успех, финансиска добивка, среќа на лотарија, а со оглед на тоа и вашата среќа ќе биде поголема. Активни сте, а тоа е одличен лек за незадоволството. Ако ви е за утеха, ни околината не се чувствува најдобро. Во наредните денови ќе постои одлична можност да се истакнете, направете го тоа онака како што само вие знаете.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Благодарение на интелигенцијата ќе постигнете завидни резултати. Ќе се најдете во ситуација да доминирате и да добивате пофалби. Работите ќе се одвиваат во ваша корист. Со помош на шармот и сопствената сила ќе успеете да ги совладате проблемите. Внимавајте на здравјето.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Нервната раздразливост е последица на неспособноста да мислите со сопствената глава. Се што сте планирале паѓа во вода, па имате чувство дека сте изложени на планетарни влијанија. Потрудете се да не носите важни одлуки, спасот пронајдете го во хобито.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Морате да се приспособите на околината ако сакате да избегнете проблеми. Постојано сте опкружени со непријатни случки кои сакате да ги скриете од блиските. Не обвинувајте некого, сами сте виновни за таквата состојба. Лошо се организирате и си создавате беспотребни обврски.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Искористете ја инспирацијата и смислата за убаво таму каде што е потребно. Наместо да сте суетни и да се величате себеси, потрудете се на околината да и пренесете нежност и топлина. Ова е вистински момент да размислувате за љубовта, но не заборавајте ја и работата, следи период во кој ќе можете да напредувате.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Не се принудувајте да ги надминете човечките граници. Вашиот перфекционизам може да излезе од контрола и надополнет со вашата нестрпливост да направи „убиствена“ комбинација. Сакате да постигнете толку многу, во толку малку време. Опуштете се и оставете барем за момент работите да се движат без вашата прекумерна контрола.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ситуацијата бара приспособување, а тоа ви оди тешко. Сакате да постигнете максимум со минимално вложување, но тоа е невозможно, разочарувањето е неминовно. Нерасчистените работи од минатото посебно ве нервираат, требаше претходно да се подготвите.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денес преземете ја иницијативата, било да станува збор за вежбањето или за работата. Не очекувајте дека вашето тело само ќе се доведе во топ форма, ниту дека вашата сметка магично ќе се наполни со парични средства. Бидете активни и променете ги навиките што ги имате. Направете си го секојдневието подинамично.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Еден чекор напред, два назад. Тоа никако не ви одговара, сакате брзина. Професионалните проблеми се посериозни отколку што мислите, а резултати нема ни оддалеку, насочете се кон љубовта. Дозволете им на блиските да бидат во ваша близина.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Вредни сте, а тоа ви помага да ги преминете сите проблеми и да се чувствувате нормално. Многумина со такви проблеми би потклекнале, но не и вие. Чекорот назад во активностите прифатете го како неминовност. Земете залет за нови професионални потези.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ослободете се од минатото. Одредени стари случувања сe уште влијаат врз вашите реакции во различни ситуации. Несвесно донесувате животни одлуки кои најверојатно би биле поинакви во други околности. Верувајте во себе и во вашата способност да се справите со предизвиците што ги носи иднината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП