2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБенфика продаде играчи на фонд!

Бенфика продаде играчи на фонд!

Lima, Lazar Markovic

Додека сите останати клубови купуваа и продаваа играчи на други клубови, Бенфика дојде до пари на различен начин.

Лисабонскиот клуб, кој е во катастрофална финансиска состојба, продаде двајца првотимци на инвестициски фонд.

Родриго и Андре Гомеш останаа во Лисабон, а клубот доби 45 милиони евра! Сепак, тоа се пари кои ги добија сега, а при продажбата тие пари може и да се зголемат.

Бенфика се обиде Родриго да го продаде уште во летниот преоден рок, но не пронајде купувач. Овој пат се интервенираше од трета страна, која сега е правен сопственик на економските права на двајцата играчи.

„Meriton Capital Limited“ е името на компанијата од Хонг Конг која за Родриго плати 30, а за Андре Гомеш 15 милиони евра. Во случај на добри резултати на теренот, Родриго на клубот според клаузулата би му донел уште 10 милиони, а за Андре Гомеш на Бенфика и припаѓа 25 проценти од секој евентуален профит во однос на договорената цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП