20 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 01.02.2014

Дневен хороскоп 01.02.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Сe натпреварувате и ги докажувате сопствените вредности. Сакате да ја убедите околината на некои свои замисли. Не можете да избегнете нервоза и покрај тоа што сте урамнотежени. Доколку размислувате за патување ќе ви биде полесно. Нема да можете да се сопрете ниту за минута и постојано ќе ви надоаѓаат креативни идеи за нови теми на разговор.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денес ќе бидете едноставно неодоливи. Ќе плените со остроумност и подготвеност за преземање на смели потези. Нема да дозволите други да ве ограничуваат и бестрашно ќе го покажувате вашиот немирен дух. Изразете се без воздржување, ова е ваш ден, ова е ден за незаборавни моменти.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Имате чувство дека нешто убаво се приближува кон вас, но не можете да ги најдете точните зборови за да го опишете тоа претчувство. Не си ни обидувајте. Дозволете позитивните емоции да завладеат со вас. Добро ќе ви дојде каква било физичка активност, па не се затворајте дома.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Вие секогаш брзате да стигнете до целта со најмал број на потези, но денес нема да можете да стигнете до успехот по пократкиот пат. Ќе треба да вложите многу повеќе труд од вообичаено. Сепак, тоа не треба да ве разочарува. На крајот повторно ќе видите дека трудот се исплати. Отстранете ги вашите нереални очекувања.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Неколку обврски нема да ви дозволат релаксирано да го започнете денот, но затоа пак ќе надоместите со опуштена вечер во која вашите желби ќе бидат на прво место. Во хармонија сте со себеси и тоа доаѓа од добрата комуникација со околината. Егото ви е нахрането и имате многу среќни моменти.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Свесни сте за целта што е пред вас, затоа и трпеливо грабите кон целта. Обврските ги извршувате со зголемена доза концентрација. Мотивирани и амбициозни сте, затоа ќе успеете. Бидете позитивни и сe ќе дојде во вистинско време. Не размислувајте само на негативните работи, сфатете дека во животот има и нешто позитивно.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Секогаш можете да избирате меѓу две работи. Потрудете се да го искористите слободното време квалитетно ако сакате да се наполните со енергија. Инвентивноста ви помага со леснотија да ги остварите работите обврски. Искористете го организаторскиот талент, ентузијазмот и желбата за големи достигнувања.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Не одете таму каде што не сте повикани и не го правете она што не е од вас побарано. Правилата и обичаите се темел за здрави односи па затоа придржувајте се до нив ако сакате квалитетен однос со другите луѓе, особено на ден како што е овој. Ќе откриете како насмевката и топлиот збор подобро делуваат од негодувањето.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Енергијата на денот е топла и разумна што прилично ќе одговара на вашиот карактер. Пронајдете начин како посилно да се поврзете со своите пријатели и драги лица. Покажете им на лицата околу вас колку тие ви значат.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес е уште еден одличен ден за вас. Сите работи по природен пат ќе се наместат на своето место, а вие нема да треба да се потрудите околу тоа. Денес би можело да остварите некои многу важни контакти па задржете ги отворени сите начини на комуникација кои можете.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Морате да се приспособите на околината ако сакате да избегнете проблеми. Постојано сте опкружени со непријатни случки кои сакате да ги скриете од блиските. Не обвинувајте некого, сами сте виновни за таквата состојба. Лошо се организирате и си создавате беспотребни обврски.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Лошо се организирате и си создавате беспотребни обврски. Планетите имаат големо влијание над вас, искористете го тоа. Намалете ги дневните активности и повеќе време посветете му на одморот. Разумно распределувајте ги парите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП