5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал Мадрид ќе инвестира 400 милиони евра во „Бернабеу“ (видео)

Реал Мадрид ќе инвестира 400 милиони евра во „Бернабеу“ (видео)

bernabeu nov

Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез го претстави профитабилниот проект за реконструкција на „Сантијаго Бернабеу“.

„Кредити се со нов предизвик, сакаме да го направиме „Сантијаго Бернабеу“ најдобар стадион во светот“, рече Перес.

Тој потврди дека сумата за трансформацијата ќе чини 400 милиони евра и додаде дека откако тој е на функцијата, се инвестирани 208 милиони евра во разни подобрувања на стадионот, плус уште 200 милиони за базата на тимот во Валдебебас.

Се очекува новиот стадион да носи 30 проценти повеќе приходи по неговото ставање во функција.

„Сакаме да го направиме стадион – икона. Сакаме да направиме стадион каков Мадрид заслужува“, рече Флорентино Перес.

Се планира се сосема нова визија на објектот, како и изградба на хотел и трговски центар. Поправките ќе треба да започнат по крајот на оваа сезона и да завршат во 2017-та година.

Половина од потребните средства ќе дојдат од продажба на правата за името на стадионот, а другата половина – од обврзници на членови на клубот.

Инаку „Сантијаго Бернабеу“ ги отвори врати во 50-тите години на минатиот век, а потоа е реновиран за Светското првенство во 1984-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП