19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКалстром го менува повредениот Ремзи?

Калстром го менува повредениот Ремзи?

kalstromm

Изненадувачки трансфер ќе се обиде да оствари Арсенал во часовите до затворањето на јануарскиот преоден рок.

„Топџиите“ ќе се обидат да го привлечат искусниот шведски фудбалер на Спартак Москва, Ким Калстром, тврди „Daily Mail“.

Лондончани го фокусираат погледот кон 31-годишниот фудбалер, откако стана јасно дека овој месец младата ѕвезда на Шалке 04 Јулијан Дракслер нема да дојде на „Емирати“. Повредата на велшкиот фудбалер Арон Ремзи исто така го натерала менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер да се обиде го доведе во своите редови репрезентативецот на Шведска.

Калстром има над 100 натпревари за националниот тим на Шведска и пред да дојде во Спартак Москва во 2012-та година помина 6 сезони во Лион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП