6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧервар: Ќе покажеме колку можеме против една од најдобрите екипи

Червар: Ќе покажеме колку можеме против една од најдобрите екипи

lino

Натпреварот Металург – МКБ Веспрем што ќе се одигра во сабота со почеток во 19 часот ќе биде одлична контрола за екипата на Лино Червар на која во моментов здравствениот билтен не и е најповолен.

– Иако утрешниот натпревар против Веспрем не е за бодови или пласман сепак ние како екипа ќе покажеме колку можеме против една од најдобрите 4-5 екипи во Европа.

Како што знаете во моментов нашиот здравствен билтен не е најповолен и секако дека оние играчи кои не се целосно подготвени за натпревар нема да ризикуваме и да внесуваме во игра.

Очекувам моите момци да одиграат мотивирано и на свое ниво, истакна Червар.

Филип Миркуловски за утрешниот дуел со Веспрем вели дека по зимската пауза, овој натпревар ќе биде добра можност да се уиграат повеќе варијанти.

– Ова е прв натпревар по зимската пауза и ЕП во Данска. Ќе се обидеме да уиграме неколку варијанти без Наумче Мојсовски во играта а натпреварот ќе покаже колку сме успеале и на што можеме да сметаме за натпреварите што ни следуваат.

Играме против голем и скап тим кој има високи амбиции оваа година, изјави Миркуловски.

Влезниците за натпреварот од вчера се продаваат на билетарницата во салата Автокоманда.

Цената не влезницата е 100 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП