6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед во последен момент атакува по Таунсенд

Јунајтед во последен момент атакува по Таунсенд

tausend

Манчестер Јунајтед ќе го користи максимално последниот ден од трансфер прозорецот во Англија. „Црвените ѓаволи“ подготвуваат понуда за крилото на Тотенхем Андрос Таунсенд, објави таблоидот „Сан“.

Oвој млад фубдалер блескаше во дресот на националниот тим на Англија, а засега има и добра сезона и со Тотенхем. Според изданието менаџерот на Јунајтед, Дејвид Мојс е голем обожавател на 22-годишниот фудбалер.

Таунсенд бил посакуван од Мојс уште во времето кога бил менаџерот на чело на Евертон. Минатата сезона тој се обиде да го преземе брзоногиот играч на позајмица на „Гудисон Парк“, но Тотенхем постапи правилно и му ја крена цената.

Сега Мојс располага со реномето и финансиската моќ на Јунајтед зад себе и е многу веројатно да се доживее тој директно да го откупи фудбалерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП