1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТорп хоспитализиран поради алкохолизам

Торп хоспитализиран поради алкохолизам

torp

Поранешниот австралиски пливачки шампион Јан Торп денеска беше примен во болница во Сиднеј поради проблеми со прекумерно конзумирање алкохол.

Како што пренесуваат светските агенции прославениот пливач бил во депресивна состојба и видно вознемирен.

Тој проблемите со кои се соочувал долго време вешто ги криел од јавноста и од своето семејство. За нив, кои го мачеле цела деценија првпат проговорил во неговата автобиографија објавена пред околу две години.

– Состојбата на Торп е сериозна и тоа е се што можам да кажам за сега.Се работи за извонредна личност, но има потешкотија да си признае дека има проблем и да се соочи со истиот, изјави Алан Џонс, австралиски новинар и еден од најблиските пријатели на некогашниот шампион.

Со три златни и два сребрени медали, Торп беше најуспешниот натпреварувач на Олимписките игри во Сиднеј 2000 година.

Како натпреварувач со најмногу освоени златни медали, беше избран од Австралискиот олимписки комитет да го носи знамето на затворањето како одликување за неговиот постигнат успех.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП